Кој е изборот на скопјани за најдобар ресторан, гостилница и бар?

За најдобри ресторани избрани се „Скопски мерак“, Bushi restaurant & terrace bar и Мkc club & restaurant. Најдобри гостилници се „Градска кафеана“, „Дебар маало“ и „Кафана“, а за најдобри кафулиња „Speakeasy“, „ДОБАР“ и „DEUS“. Во редот на најдобри lounge и мезе барови се најдоа „DISTRIKT BAR & KITCHEN“, „BrooklYnski JAZZ Bistro“ и „Barbakan Bistro Bar“.

5557

Секторот за локален економски развој на Град Скопје во соработка со агенцијата SWOT Research ги избраа најдобрите угостителски објекти за годинава.

Преку тајни купувачи, за најдобри ресторани избрани се „Скопски мерак“, Bushi restaurant & terrace bar и Мkc club & restaurant. Најдобри гостилници се „Градска кафеана“, „Дебар маало“ и „Кафана“, а за најдобри кафулиња „Speakeasy“, „ДОБАР“ и „DEUS“. Во редот на најдобри lounge и мезе барови се најдоа „DISTRIKT BAR & KITCHEN“, „BrooklYnski JAZZ Bistro“ и „Barbakan Bistro Bar“.

Плакетите им ги врачи раководителот на Секторот за локален економски развој Марко Тодоров.

– Се надевам дека извештаите од истражувањето од минатата година Ви беа од корист за да ги воочите недостатоците и да се коригирате во одредени сегменти – рече Тодоров, според кого Скопје има со што да се пофали кога станува збор за угостителски објекти бидејќи се следат светските трендови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...