Италијанскиот весник „Ла Верита“ на својот Јутјуб канал ја објави и целосната снимка од третото продолжение за случајот „Рекет“ која трае 27.16 минути.
Во еден дел од разговорот, Бојан Јовановски – Боки 13 и Орце Камчев, зборуваат за човек по име Жарко, за кого била завршена работа.
Во продолжение прочитајте го транскриптот на тој дел од разговорот, кој во снимката почнува во 18.03 минута.
ТРАНСКРИПТ:
Боки 13: И уште една работа, споменуваш неколку пати еден човек. И ова меѓу мене и тебе.
Камчев: Јас сум споменал човек?
Боки 13: Еден човек споменуваш неколку пати, што е, кај е, како е.
Камчев: Кој?
Боки 13: Тој човек, преку мене стапи во контакт…
Камчев: Овој од горе? Нашиот?
Боки 13: Да. И заврши сé.
Камчев: Супер.
Боки 13: Ама заврши со двострано, и СЈО и ЗЗ. И големи работи, и големи проекти и сé.
Камчев: Нашиот?
Боки 13: Да.
Камчев: Тој не ми е компактибилен за голема игра.
Боки 13: Те молам, меѓу мене и тебе.
Камчев: Не, не, шефе завршена работа, што ти е тебе? Оти он имаше исто предмет таму…
Боки 13: Немаше.
Камчев: Имаше, за базните… Добро сега си го решил тоа, си решил матер.
Боки 13: Никој не знае.
Камчев: Си ја решил, добро супер. Види, Жарко ми е кум мене. Што збориш, нека си тера работа. Кој може, Бог да му поможе.
Боки 13: Со мене беше исклучително прецизен. Таму го носам јас…. Добар, добар си, нема збор. Ти на крај ќе треба, поради поставување на систем и на комбинаторики да те земат во службите да работиш.
Камчев: Хаха, да користат, да знаат да искористат, така ли е?