Кој е адутот на Шпанија за Евровизија? (ВИДЕО)

Тој досега има издадено пет албуми, четири како дел од групата „Auryn“, која беше прогласена за најдобра во Шпанија на MTV Europe Music Awards.

273
ФОТО: РТВЕ / Евровизија сајт

Дваесет и седумгодишниот Блас Канто е претставникот на Шпанија за следната Евровизија. Тој претходно се натпреваруваше во националниот избор за Евровизија во 2011 година, како дел од групата „Auryn“. Момчињата завршија на второто место со песната „Volver“.

Канто учествуваше и во EuroJunior, шпанска селекција за детската Евровизија во 2004 година.

– Долгогодишен сон ми е. Сонувам да учествувам на Евровизија уште како дете – вели Канто.

Тој досега има издадено пет албуми, четири како дел од групата „Auryn“, која беше прогласена за најдобра во Шпанија на MTV Europe Music Awards. Неговиот прв соло албум беше издаден минатата година.

Шпанија за првпат се појави на Евровизија во 1961 година. Зад себе има две победи, а беше и првата земја која победи две години по ред.

Оваа година музичкото натпреварување ќе се одржи во Ротердам.

ФОТО: РТВЕ / Евровизија сајт

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...