Кантоналната полиција на Цирих нуди награда 10.000 швајцарски франци за секое лице кое ќе обезбеди информации за апсење на убиецот на 51-годишниот И. Истрефи.
Македонскиот државјанин Истрефи беше убиен кон крајот на декември минатата година во неговиот локал во местот Рути во Швајцарија.
Инаку, Истрефи е главен осомничен за убиството на Дилавер Бојку во август 2017 година во неговите локал во Струга.
Бојку беше осомничен макро, кој контролирал два главни илегални правци за транспорт на девојки и жени, посебно од Молдавија, Романија и Украина.
Photo: EPA / GEORGI LICOVSKI