Која од „Дисциплина кичме“ се разбуди од кома

801

Фронтменот на групата „Дисциплина кичме“ Душан Којиќ – Која се разбуди од кома, откако пред неколку дена беше хоспитализиран по претрпен мозочен удар.

„Пред неколку дена Која се разбуди од кома и полека се опоравува“, напиша на Твитер новинарот Галеб Никачевиќ.

Басистот, пејач, композитор и водач на рок групата „Дисциплина кичме“ Душан Којиќ Која (58) претрпе мозочен удар во Велика Британија, по што веднаш беше примен во тамошна болница, а лекарите го ставија во индуцирана кома со цел на мозокот да му се даде време за опоравување.

Која е присутен на музичката сцена четири децении, и тоа прво со групата „Шарло акробата“, а потоа и со „Дисциплина кичме“, која ја основаше во 1981 година. Познат е како автор на хитовите „Тата и мама“, „Сви за мном“, „Ја имам шарене очи“, „Немој да бацаш бетонске табле са врха твоје зграде“ и многу други, а ја компонираше и музиката за култниот филм „Како је пропао рокенрол“.

Последниот студиски албум Дисциплина кичме го објави во 2016 година, под наслов „Опет“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...