Која од „Дисциплина кичме“ е во кома

Која заминал во Англија во посета на својата сестра кога доживеал мозочен удар и набрзо потоа е хоспитализиран во една од тамошните болници.

315

Бас гитаристот, пејач, композитор и лидер на рок-бендот, „Дисциплина кичме“, Душан Којиќ Која (58) доживеа мозочен удар и се наоѓа во болница во вештачка кома.

Како што јавуваат српските медиуми, Која заминал во Англија да ја посета својата сестра, каде доживеал мозочен удар. Итно бил хоспитализиран во една тамошна болница, а лекарите го ставиле во индуцирана кома, за на мозокот да му дадат доволно време за закрепнување.

Којиќ е активен на музичката сцена веќе четири децении, а во 1980 година беше член на групата Шарло Акробати заедно со Милан Младеновиќ од ЕКВ. Оваа група иако кратко постоеше на југословенската рок сцена, се прослави како основоположник на т.н. „нов бран“. По распадотот на бендот, Којиќ го основа бендот „Дисциплина кичме“ за кој напиша голем број хитови.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...