Која е сопругата на Зеленски и што таа мисли за неговата одлука да стане претседател? (ВИДЕО)

800
ФОТО: EPA / STEPAN FRANKO

По победувањето на комичарот Володимир Зеленски на претседателските избори во Украина, порасна интересот на јавноста и за неговата сопруга, 41-годишната Јелена, со која е во брак од 2003 година.

Иако одела во исто училиштето со Зеленски, не го познавала. Завршила на Градежен факултет во Криви Рог, каде го запознала идниот сопруг, но никогаш не работела по струката.

Првата дама на Украина работи во студиото „Квартал 95“, чиј сопственик е Зеленски.

Јелена на почетокот „отворено и агресивно“ била против тоа Зеленски да се кандидира за претседател. Меѓутоа, кога сфатила дека тоа е негова цврста одлука, го поддржила.

Пред дебатата на Зеленски и Порошенко на 19 април, Јелена била прашана дали некоја прва дама ќе ѝ биде пример, таа рекла дека кога станува збор за имиџ, не се обидува да следи нечиј стил, ниту да копира некого.

– Секако дека погледнав фотографии да сфатам некои протоколарни работи, но ништо повеќе – додала таа.

ФОТО: EPA / STEPAN FRANKO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...