Која е оваа жена и како загинала во Норвешка, прашања кои мачат истражители 49 години

Според различни сведоци, мистериозната жена имала празнина меѓу предните заби, за појадок изела каша и носела крзнен шешир. Мирисала на лук. Тие кои се сеќаваат кажуваат дека зборувала англиски со странски нагласок.

2512
ФОТО: Принтскрин / Јутјуб

Изгорено тело е пронајдено во шума во близина на Берген во Норвешка, уште од 1970 година луѓето се прашувале која е жената? Зошто била сама на таа локација? Дали таа била шпион и ако да за кого работела?

Во нејзиниот куфер пронајдени се костими и кодирана порака, а хотелите ги менувала повеќе пати. Во минатото била поврзувана и со состанок со морнарски офицер. Но, тука повторно се родиле повеќе прашања, отколку одговори.

Благодарение на денешната наука, дури и овие случаи можеби би можеле да го добијат својот расплет.

Лани форензирачи го тестирале едниот дел од нејзиното тело кое не изгорело. Пронајдените докази покажале оти по годините, најверојатно е дека се ближела кон четириесеттите.

Според различни сведоци, мистериозната жена имала празнина меѓу предните заби, за појадок изела каша и носела крзнен шешир. Мирисала на лук. Тие кои се сеќаваат кажуваат дека зборувала англиски со странски нагласок.

Сега се откриени и нови детали. Додека се пребарувала шумата со помош на детектор за метали, Арне Магнус Вабо копал длабоко во земјата и нашол рачна торба.

– Тоа беше прв пат да го истражувам овој дел. Кога сте сам, таму е навистина страшно. На тоа место луѓето правеле некои ритуали или вршеле самоубиство – рекол тој.

Торбата што ја нашол била на оддалеченост од 40 метри од местото на кое било пронајдено телото на жената.

Покрај земја, друго не е пронајдено во торба. Веќе се било уништено.

Стручњаци велат дека по толку време и потрага за ДНК би била неуспешна.

Загинатата, позната како „жената од Исдал“ била поврзувана со жена од Израел. Тајната служба ја истражувала можноста и поврзаноста на овие жени и тајното судење за случајот „Пингвин“ кон крајот на 60-тите.

Други докази го свртуваат вниманието кон можност таа да била шпион за невладина организација, можеби една од оние злогласните од 70-тите, како Фракцијата на црвената армија.

Во близината на Осло, млади лица исто така работат на решавање на случајот.

Едни сметаат дека била шпион и дека можеби се самоубила, додека други веруваат дека била убиена од другата жена.


ФОТО: Принтскрин / Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...