Која е најсиромашна, а која најсреќна земја во светот?

Индексот на Bloomberg се потпира на податоци за инфлацијата и за невработеноста.

1286

„Блумберг“ ги објави топ листите на најсиромашни и најсреќни земји. На врвот на листата најсиромашни земји е Венецуела каде што инфлацијата достигнува неверојатни бројки, додека, пак, како најсреќна земја се издвојува Тајланд иако, како што се вели во анализата, оваа земја годинава нема добри резултати во намалувањето на невработеноста.

На Венецуела во таборот на најсиромашни земји со висока инфлација и невработеност се најдоа и Аргентина, Јужна Африка и Турција, а во првите десет земји од листата се и две од регионот, Грција и Србија. Овие земји имаат интензивен економски стрес и слаб напредок во намалувањето на растот на цените и враќањето на луѓето на работа.

Кај најсреќните земји покрај Тајланд на врвот се уште и Швајцарија, Сингапур и Јапонија. Швајцарија и Сингапур во истражувањето покажале најдобри резултати.

Индексот на „Блумберг“ се потпира на податоци за инфлацијата и за невработеноста. За разлика од претходните години кога истражувањето имаше основа во официјални податоци, годинава се базира на податоци од анкета на економисти.Индексот се пресметува за 62 земји.

Економистите анкетирани од „Блумберг“ сметаат дека речиси половина од 62-те економии имаат пониски стапки на инфлација отколку во 2018 година, додека за мнозинството се предвидува намалување на невработеноста.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...