Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас побарал декласификација на 33 документи кои, според најавите, ќе бидат вистинска „бомба“ за тоа како се воделе преговорите меѓу Македонија и Грција од страна на претходните влади во двете земји.
Документите се од 1992 година до денес и истите треба да покажат какви биле предлозите за решение.
Барањето да се декласифицираат е одобрено, а Коѕијас објавата се очекува да ја направи утре.
Со ова тој ја „извадил од такт“ Дора Бакојани која жестоко го нападнала.