Коѕијас: Преговорите за МПЦ траат една година

733

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас тврди дека преговорите меѓу МПЦ и Вселенската патријаршија траат веќе една година. Во интервју за грчка телевизија, Никос Коѕијас објаснува дека подолго време се разговара за признавање на Македонската православна црква под името Охридска архиепископија и дека Грчката црква не треба да се меша во тоа прашање.

Коѕијас вели и дека би требало да им се даде награда на луѓето од Скопје за размислувањето и за храброста, одново да се вратат на традиционалното и непровокативно име, Охридска архиепископија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...