Коѕијас: Конечниот договор во рацете на премиерите на двете земји

776

Министрите за надворешни работи завршија со нивниот дел, преговорите продолжуваат на експертско ниво, а кога ќе завршат и тие, текстовите подготвени од министрите ќе бидат во рацете на премиерите за конечен договор, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во врска со преговорите за името.

– Двајцата министри за надворешни работи завршивме со она што го презедовме од премиерите на двете земји. Денеска и веројатно утре, ќе продолжат преговорите на експертско ниво – она што треба да се реши се техничко – правните прашања. Веднаш штом завршат и тие и штом ќе бидат разјаснети техничките и правните прашања, текстовите подготвени на ниво на министри за надворешни работи ќе им бидат дадени на двајцата премиери, кои ќе разговараат и ќе постигнат конечен договор – вели шефот на грчката дипломатија, јави дописничката на МИА од Атина.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...