Коѕијас: Заедно, застанавме на вистинската страна на историјата

516

„Зоран и Никола, историјата е училиште, а не затвор. Заедно, застанавме на вистинската страна на историјата“, напиша предмалку на Твитер поранешниот грчки министер за надворешни работи Никос Коѕијас.

По гласањето за Преспанскиот договор во грчкиот парламент, Коѕијас, кој преговараше за Договорот, напиша:

„Триумфираше политиката на мирот. Сега мора итно да ги прифатиме, заедно со нашите пријатели во Северна Македонија, сите оние позитивни мерки предвидени во Преспанскиот договор, нашата заедничка иднина. Зоран и Никола, историјата е училиште, а не затвор. Заедно, застанавме на вистинската страна на историјата“, порача Коѕијас.


 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...