Коѕијас: Другата страна да се согласи на ерга омнес

712

Треба да биде сфатено од другата страна дека треба да се согласи за ерга омнес и да одиме кон сеопфатен, позитивен договор, вели шефот на грчката дипломатија од Брисел по Советот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.

– Ставивме јасно до знаење дека за ПЈРМ да добие покана за НАТО, ќе треба да ја имплементира одлуката од Букурешт од 2008, како и резултатите од преговорите. Треба да биде сфатено од другата страна дека треба да се согласи за ерга омнес и да одиме кон сеопфатен, позитивен договор – изјави министерот за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...