Коѕијас: Денеска победи политиката на мирот

176

Само неколку минути откако јасно и гласно за време на гласањето во грчкиот Парламент извика: „Секако, ДА“, поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас на неговиот официјален Твитер профил напиша дека денеска победи политиката на мир, јави дописничката на МИА од Атина.

-Сега е итно, заедно со пријателите од Северна Македонија да ги спроведеме мерките од позитивната агенда од Договорот од Преспа, нашата заедничка иднина. Зоран и Никола, историјата е училиште, а не затвор. Заедно застанавме на правилната страна на историјата, напиша Коѕијас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...