Коѕијас: Груевски глумел дека не сака решение за името

534

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски глумел дека не сака решение на спорот за името, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, реагирајќи на информациите што ги објави Викиликс дека македонските власти уште во 2008 година прифатиле промена на името.

– Познато е дека Груевски не сакаше никакво решение на спорот за името. Се исмеваше со меѓународните играчи, се претвораше дека е принуден на компромис. Никој не му веруваше, освен, ако се потсетиме, господинот Мицотакис – вели Коѕијас.

Се огласи и Мицотакис, кој објавата на Викиликс ја нарече трагична.

– Денес од Викиликс дознаваме дека Скопје во 2008 година барало државата да се преименува во „Северна Македонија“, а нивните луѓе да се нарекуваат „Македонци“, кои наводно зборуваат „македонски јазик“. Тоа на најтрагичен начин го потврдува она што со месеци го кажувам – дека премиерот Ципрас, министерот за одбрана Каменос, и Коѕијас сакаат да го претстават овој исклучително штетен договор за Грција за успех, што ги задоволи барањата на Скопје, изјави Мицотакис.

Тој повтори дека Нова демократија нема да гласа за ратификација на договорот во грчкиот Парламент.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...