Кошта дебело ќе го чини пцуењето на судијата Мансано

310

Однесувањето на Диего Кошта за времена мечот против Барселона може да го чини скапо. Напаѓачот на Атлетико Мадрид му се заканува казна до 8 натпревари поради вулгарни зборови спрема судијата и по протерувањето со црвен картон за време на дербито на Примера минатиов викенд.

Главниот арбитар Хил Мансано во својот извештај внесе дека Кошта ја навредувал неговата мајка! Покрај тоа, судијата опишал дека фудбалерот му ја влечел раката при обидот да покаже жолти картони на двајца од неговите соиграчи.

Минималната санкција за тоа е две средби, но поверојатно е таа да биде значително зголемена и поради минатите скандали на играчот. Како што е познато, тој постојано се вмешува во конфликти со судиите и конкурентните фудбалери.

Дисциплинската комисија на Шпанската кралска федерација ќе се состане во среда да разговара за прашањето. До крајот на сезоната во Ла Лига има седум круга.

Фото: EPA/J.P.GANDUL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...