Кошмар во Кашмир – нема интернет речиси 6 месеци

540

Оневозможување интернет во нестабилниот муслимански регион Кашмир во планинската област на границата со Пакистан по траење е најдолгиот прекин на интернет на кој се одлучила некоја влада во светот и трае подолго од досегашните рекорди во Мјанмар и во Кина.

Интернетот во тој регион, кој сака да се отцепи од Индија и да му се придружи на Пакистан, е прекинат од крајот на јули 2019 година.

Индија е зад Кина како најголем светски интернет пазар со повеќе од 650 милиони корисници. Во 2019 година, имаше најголем број прекинувања на пристап до интернет во светот, или 70 проценти од регистрирани прекини низ целиот свет.

Таквото однесување на Владата на Индија не само што му наштети на угледот на земјата во светот, туку и значително ѝ наштети на нејзината економија.

Според студијата на индискиот Совет за истражување на меѓународни економски односи, индиската економија претрпе загуба од три милијарди американски долари како резултат на прекинот на интернет во земјата во периодот 2012-2017 година.

Владата на Индија го ограничува пристапот до интернет од 2010 година, но фреквенцијата, географската дистрибуција и времетраењето на тие суспензии драматично се зголемија во последните години.

Откако актуелната влада дојде на власт, суспензиите се речиси двојно зголемени. ОН го осудија делото во минатото, нарекувајќи го кршење на човековите права. Индиската влада го наведува тероризмот како причина за последното оневозможување на интернетот на подрачје каде живеат 32 милиони луѓе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...