Кошаркарките против Летонија, Хрватска и Германија ќе бркаат пласман на ЕП

44

Нашата женска кошаркарска репрезентација ќе се надигрува со репрезентациите на Летонија, Хрватска и Германија во рамки на квалификациите за Европското првенство закажано за две години (2021 година) откако на денешниот ждреб во Минхен беа извлечени групите. Сениорките ќе бидат дел од групата „И“.

Првиот прозорец е предвиден за претстониот ноември (2019 година), вториот ќе се одигра идниот ноември (2020 година), а последниот ќе се одигра на почетокот на месец февруари во 2021 година.

Репрезентациите се поделени во девет групи од кои шест составени од четири репрезентации, а три групи се составени од три репрезентации. Секоја репрезентација ќе одигра по два натпревара против останатите во групата, на домашен и на гостински терен.

Првопласираните репрезентации од секоја група како и петте најдобри второпласирани репрезентации ќе се квалификуваат на Европското првенство.

Распоред на натпревари:

14.11.2019
Германија – Северна Македонија
17.11.2019
Северна Македонија – Летонија

12.11.2020
Хрватска – Северна Македонија
15.11.2020
Северна Македонија – Германија

4.02.2021
Летонија – Северна Македонија
7.02.2021
Северна Македонија – Хрватска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...