Кошаркарската федерација на нашата држава од утре до недела организира камп во Маврово на кој ќе учествува втората генерација на развојниот проект „Заедно до М16“.
На овој спортски настан ќе учествуваат вкупно 60 кошаркари и кошаркарки, родени 2004 и 2005 година, кои ќе тренираат заедно една седмица.
Покрај младите кошаркари и кошаркарки, ќе учествуваат и десет млади тренери од земјата.
Од КФСМ го објавија и список на кошаркари, кошаркарки и тренери кои ќе учествуаат на годинашниот камп во Маврово.