Кочов: Никој однапред не смее да го отпишува МЗТ

189

Новиот тренер на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов, со победа го почна својот мандат на клупата на актуелниот шампион и тоа на синоќешното гостување на жешкиот терен кај Блокотехна.

Кочов е задоволен од начинот на кој одиграа неговите избраници и верува дека ако во секој меч се одигра на ваков начин дека резултатите нема да изостанат.

Бевме максимално ангажирани и во нападот и во одбраната, што на крајот ни ја донесе победата. Кошаркарите пристапија како вистински професионалци, дадоа се од себе и ги исполнија сите тактички замисли. Блокотехна се покажа како квалитетен ривал, поради што триумфот е уште посладок. Верувам дека ќе продолжиме во ист стил за да им покажеме на сите оние кои предвреме го отпишаа МЗТ Скопје Аеродром. Наше е да одиме чекор по чекор и да се надеваме на најдоброто, вели Кочов за клупскиот сајт на МЗТ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...