Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.З.(20) од село Пантелеј-кочанско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење шуми“.
Во текот на ноември 2012 година во селото Пантелеј-кочанско од шума во сопственост на Манастирот „Свети Пантелејмон”, пријавениот, извршил бесправна сеча на 148 дабови стебла.