Кочан наредната недела може да добие упат за во затвор

236

Пресудата за случајот Труст на СЈО кој стана правосилен со одлука на Апелација, од второстепениот суд пристигнал во Кривичен.

Тоа значи дека наскоро Сеад Кочан, кој во случајот е осуден на 4 години и 8 месеци затвор, многу бргу би можел да добие упатен акт.

Според праксата, предметот сега во АКМКС системот ќе биде распределен кај судија за извршување на санкцки. Упатниот акт, како што брифираат од судот, Кочан може да го добие уште во текот на наредната недела.

Сепак, Кочан може да поднесе барање да му се одложи казната ако исполнува еден од условите пропишани со закон меѓу кои се здравствени причини, смрт на близок, ако лицето е земјоделец итн.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...