Коцијанчиќ повика граѓаните масовно да излезат да гласаат

На прашањето дали сигнализирањето на германскиот Бундестаг дека, заради процедурални причини, одлуката за отворање преговори за Северна Македонија и Албанија нема да биде возможна во јуни, туку можеби ќе се пролонгира за септември, таа оцени дека од нивна страна се изработува извештај што ќе се презентира пролетва.

119

Со големо внимание ги следиме настаните во Северна Македонија. Првиот круг помина непречено и транспарентно. Го видовме извештајот на меѓународните набљудувачи, каде што е направена широка позитивна проценка, вели портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчиќ, во интервју за ТВ Клан Македонија, потенцирајќи дека сега за вториот круг е мнногу важно граѓаните да излезат масовно на избори и да го исполнат своето изборно право.

Таа на политичките партии им праќа порака дека треба да обезбедат транспарентен процес, во согласност со меѓународните стандарди, и да се погрижат за политички стабилност на земјата.

Во однос на тоа дали преговорите за членство во ЕУ ќе се отварат годинава, можеби не во јуни, туку во септември, портпаролката на ЕК спомнува дека пред само неколку недели високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, и еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, јасно кажаа дека целта на Европската комисија е да ги отвори преговорите за пристапување на земјата, но нагласи дека важно е, покрај историските достигнувања на Преспанскиот договор, Северна Македонија и натаму да ги спроведува потребните реформи како за земјата така и за европската интеграција.

– Комисијата го подготвува својот годишен извештај и ќе го претстави на крајот на пролетта. Овој извештај ќе послужи како основа за донесување одлуки од страна на земјите-членки на Европската унија. Важно е, покрај историските достигнувања на Преспанскиот договор, Северна Македонија и натаму да ги спроведува потребните реформи за земјата и за европската интеграција – вели Коцијанчиќ во интервјуто за ТВ Клан М.

На прашањето дали сигнализирањето на германскиот Бундестаг дека, заради процедурални причини, одлуката за отворање преговори за Северна Македонија и Албанија нема да биде возможна во јуни, туку можеби ќе се пролонгира за септември, таа оцени дека од нивна страна се изработува извештај што ќе се презентира пролетва.

– Ние го подготвуваме нашиот извештај и ќе биде презентиран на пролет. Ова е нашата цел. Од друга страна, Советот на министри на Европската унија донесе одлука пред една година да се врати на ова прашање во јуни годинава. Ова е обврска што е преземена. Не можам да влегувам во процедурални прашања на која било земја-членка. Тоа не е во мои ингеренци, но целта на Европската комисија е јасна, како и ангажманот на Советот на министри на ЕУ- вели Коцијанчиќ во интервју за ТВ Клан М.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...