Коцијанчич: ЕУ верува дека двете страни ќе продолжат да го почитуваат Преспанскиот договор

80

Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич, на прашање од грчките медиуми во врска со Преспанскиот договор, порача дека ЕУ е уверена дека Скопје и Атина ќе продолжат да го почитуваат.

Реакцијата доаѓа по изјавите на премиерот Зоран Заев дека Преспанскиот договор е во опасност по француското вето за почеток на преговори за Македонија со ЕУ. Запрашана дали ЕУ „стравува“ за Преспанскиот, Коцијанчич изјави дека нема да коментира туѓи коментари.

– ЕУ силно го поздрави Преспанскиот договор кој претставува значаен успех и поставува позитивен пример не само за регионот, туку за ЕУ и пошироко, ги поздравивме храброста и одлучноста на двете инволвирани страни и веруваме дека властите ќе продолжат да се заложуваат и да го имплементираат во дух на доверба – изјави портпаролката на ЕК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...