Коце Трајановски се спаси, Обвинителството нема да го гони за избор на директор на Водовод

329

Ексградоначалникот на Скопје Коце Трајановски и уште три лица нема да одговараат кривично за злоупотреба на службена положба и овластување во врска со изборот на директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, информираат од скопското обвинителство.

Кривичната пријава против Трајановски и уште три лица била отфрлена поради застареност на делото. Изминал законскиот период во кој екс градоначалникот и останатите можеле кривично да одговараат.

Кривичната пријава од СВР – Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје била доставена во март 2019 година, односно една година по истекот на рокот за застареност.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...