Котевски останува директор на затворот „Шутка“ до претседателските избори

157

Владата на Република Северна Македонија на 123-тата ја констатирала поднесената оставка на директорот на Истражниот затвор во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, но ќе ја разгледа по завршувањето на претседателските избори.

„Со оглед на тоа што оставката е поднесена во период откако се објавени претседателските избори, истата ќе се разгледува по завршување на изборите, штом заврши забраната за разрешување и именување согласно Изборниот законик“, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Котевски вчера ја поднесе оставка до Владата на Република Северна Македонија по настаните кои резултираа со физички пресметки во затворот на 21-ви овој месец, во кои беа нападнати притворените поранешни министри, Спире Ристовски и Миле Јанакиески.

„Покрај преземената одговорност од професионален и морален аспект, директорот подготви извештај за случувањата во затворот на 21 февруари во кој се констатирани пропусти и прекршувања на протоколите за работа од страна на службата за обезбедување“, се наведува во соопштението од Истражниот затвор „Скопје“.

Како резултат на пропустите, како што е посочено, бил овозможен првиот вербален и физички инцидент, а подоцна не бил спречен вториот вербален и физички инцидент, иако постоеле можности за превенција.

Покрај оставката на директорот, согласно констатираните наоди во извештајот, покренати се дисциплински постапки за инволвирани лица кои ги прекршиле протоколите за работа.

Извештајот е доставен до Управата за извршување на санкции, до Министерството за правда и до Владата на Република Северна Македонија за натамошно постапување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...