Директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов вечерва на роднините на повредените во тешката сообраќајка кај Карпалак им ги прочита имињата на згрижените пациенти. Уште еднаш нагласи дека пет лица се починати од кои три по неуспешната реанимација, но нивниот идентитет сеуште се утврдува. Од починатите четири се мажи, а едно е женско лице.
– Вкупно 32 повредени се примени во нашата болница, од кои четворица се на интензивна нега, во критична состојба, а еден е пренесен на торакална хирургија – информира Костов.
Повтори дека четирите хируршки сали се во функција и дека секој од пациентите ќе биде опериран ако тоа е потребно.
Во ГОБ „8 Септември“, како што информира директорот се хоспитализирани: Никола Каранфиловски, Мерсем Незири, Есад Емрули, Алајдин Шабани, Јасмина Стојанова, Мети Бетим, Антонио Антониевски, Душан Стефановски, Љујзим Талипи, Мануил Трифуновски, Мухамед Шишко, Верица Стојановска, Серије Мустафи, Аличе Узеир, Горан Наумовски, Демира Али, Седа Јусуфи, Јетон Исмаили, Јолца Ибраими, Халид Усеини, Мичив Фекири, Јасмин Сејфули, Фикрије Стефан, Јована Грамтникова, Абаз Касанферди, Илија Ристовски, Дилала Алили, Абдул Исмаили и Љуљан Алили.