Најважно во овој момент е да и се помогне на Северна Македонија, колку што е можно посодржајно и поконкретно, без да се гледа дали ќе го цени тоа и дали ќе возврати, Тоа треба да се направи и треба да се знае дека нема да заборавено, луѓето засекогаш ќе го ценат. Ги повикувам бугарските власти точно тоа да го направат сега, изјави за БГНЕС, поранешниот бугарски премиер, Иван Костов.
Костов наведе дека сретнал со премиерот Зоран Заев, посочувајќи дека за време на средбата Заев му кажал оти Македонците ја ценат хуманитарната помош, која Бугарија ја дала во 1999 година, за време на депортацијата на стотици илјади косовски Албанци од владеењето на Слободан Милошевиќ.
– Треба да сме горди што во тие кошмарни времиња за Македонија успеавме да и помогнеме, со втората по големина хуманитарна помош, што земјата ја доби. Тоа покажува дека ние, во спореба со сите останати многу богати европски земји, сме биле на второ место по количина на хуманитарна помош. За тоа малку се знае во Бугарија, а треба да е причина за гордеење. Во тоа време се оддели од крајно малите залихи на земјата за време на економската криза, во која бевме западнати. Навистина го сторивме невозможното. Тоа се цени во Македонија, независно што зборуваат луѓето кои се пристрасни кон една или кон друга кауза. Тоа ми го кажа Заев – изјави Костов.
Наведе дека Заев го уверил дека сите во Северна Македонија знаат како Бугарија влегла во Европската Унија и во НАТО, посочувајќи дека преговорите кои и претстојат на земјата за пристапување во ЕУ се многу тешки, бидејќи ќе се водат во многу потешки услови, отколку со Бугарија.
– Верувам дека преговорите ќе започнат најдоцна до септември, ако не започнат во јуни. На нив нема да им биде направен тој политички компромис, да бидат примени без да имаат владеење на правото, без да имаат силен правосуден систем. Нив ги чека страшно многу работа, затоа да им помогнеме колку што е можно повеќе – повика Костов.