Коста Начевски е вршител на должност на Јавното претпријатие „Дрисла“, откако претходно од директорската позиција беше разрешен Горан Ангелов.
Централниот регистар и официјално го впиша како вршител на должноста директор на Јавното претпријатие Дрисла, Коста Начевски.
Градоначалниот на Скопје Петре Шилегов претходно ги достави документите до Централен регистер за разрешување на Ангелов.
Шилегов вчера на прес-конференција го објави дека Депонијата „Дрисла“ со решение од Централен регистар станува јавно претпријатие на Град Скопје.
– Со ова решение од Централен регистар денеска и официјално завршува деветгодишната авантура на ВМРО-ДПМНЕ со која овој моќен градски капацитет беше даден на користење на несоодветни т.н. партнери на градот. Во периодот што следува, за исправноста на работењето на депонијата „Дрисла“ ќе одговара Град Скопје и јас лично како ваш градоначалник, рече вчера Шилегов.
По седницата на Советот на Град Скопје закажана за 29 јануари ќе бидат избрани управен и надзорен одбор на сега веќе градското јавно претпријатие за управување со комунален отпад.