Костадинов: Поранешниот прв човек на УБК е поврзан со антизападниот Мицкоски ВИДЕО

780

Поранешниот прв човек на УБК, Владимир Атанасовски, повеќе обвинети во процесот за 27 април директно го посочија како организатор и соучесник на монструозните планови за убиства на политичари, линч на новинари, палење и уништување на автомобили и домови на пратеници. Истиот тој Владимир Атанасовски, е советник за безбедност на антизападниот пион Христијан Мицкоски, рече Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ на денешната прес конференција.

– Пред неколку месеци Христијан Мицкоски го пратил токму Атанасовски овде, во Собранието, да нуди решенија за реформа на системот за следење на комуникациите, во рамки на работата меѓу партиите за усогласување околу законските одредби. Очигледна е поврзаноста на Атанасовски со антизападниот Христијан Мицкоски – вели Костадинов.

Мицкоски, додава портпаролот на СДСМ, единствено сака да ги спаси од одговорност неговите најблиски соработници и неговиот ментор, криминалецот Никола Груевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...