Додека пред седиштето на СДСМ веќе се слави со музика, внатре се одржа и втората прес-конференција на која портпаролот Костадин Костадинов соопшти дека тенденциите покажуваат сигурно и стабилно водство на заедничкиот кандидат Стево Пендаровски.
– Пендаровски води со над 30.000. Очекуваме победа. Граѓаните го препознаа концептот што води кон напредок, ЕУ и НАТО. Грѓаните денеска избраа вистински претседател кој оди напред. Ние денеска кажавме кочено „не“ на враќањето назад кон темното минато, изолација и поделби – рече Костадинов.