Костадинов: Одговорна власт нема да го загрози датумот за преговри со предвремени парламентарни избори

396

Извршниот одбор на СДСМ одлучи да не оди на предвремени парламентарни избори. Портпаролот на партијата Костадин Костадинов со ова и официјално потврди дека ќе нема предвремени парламентарни избори.

Тој во изјава по завршувањето на Извршниот одбор рече дека СДСМ презема одговорност пред граѓаните и интересите на државата, дека граѓаните бараат резултати во економијата, реформите и интегациите. Костадинов потенцира дека државотворна партија на која на прво место и се државните интереси на граѓаните и на државата не мисли на предвремени парламентарни избори дури и кога рејтингот и поддршката кај граѓаните е многу повисока од таа на опозицијата.

– Како одговорна Влада најавивме економска година, создавање силна економија која отвора шанса за сите. Економијата е раздвижена и стабилизирана. Платите растат се зголемуваат инвестициите, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.  Тоа е добар основа за засукување на ракавите и посветување на резултати што ги бараат граѓаните, на се што е потребно за подобар живот и стандард на сите граѓани. Веќе сме дел од НАТО, очекуваме датум за преговор со ЕУ и реализирање на потребните реформи. Одговорна власт не би го загразила датумот за преговри со ЕУ со предвремени парламентарни избори и стопирање на реформите. Република Северна Македонија ја очекуваат кристално чисти, фер и демократски претседатекси избори на кои ќе победат граѓаните, ќе победи СДСМ – рече Костадинов.

Тој информира дека Извршниот одбор на партијата го овластил претседателот на партијата, генералниот и организацискиот секретар да направат консултации со коалициските партнери и со други партии за да дојдат до консензуален кандидат за претседател на државата.

 

.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...