Костадин Костадинов пратеник на СДСМ, на својот фејсбук профил објави фотографија на пратениците на СДСМ и се пофали дека ја „напишале историјата“.
„Напишавме историја! Во име и за добробит на граѓаните ги донесовме најтешките одлуки. Во ниту еден момент сум немал дилеми дека го правиме најдоброто за државата. Да се биде пратеник од СДСМ е чест но и голема одговорност.
Струмичани, се надевам дека во ниту еден момент не ве изневерив“, напиша Костадинов.