Костадинов: Каква е врската меѓу Мисајловски, Јанушев и Чепуњовски и дали намерно не се потпишувал договорот

3846

Откако издиша лажната вест смислена од кујните на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, и се покажа дека нема никаков скандал со местење тендер се отворија низа прашања на кои токму ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да одговорат, каква е врската меѓу Јанакиески, Мисајловски, Јанушев и Климент – дали овој разговор се објавува за да ги покрие криминалите на Јанушев и Јанакиески, праша на прес конференција Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

– Дали некој намерно не се потпишувал, свесно загрозувајќи ја безбедноста, само во обид да предизвика проблем на сегашната Влада? Зошто три дена после состанокот од кој потекнува и снимениот разговор Климент Чепуњовски заминал на пат за Русија?Овие и други прашања ќе треба засегнатите да одговорат пред јавноста но и пред судските органи. ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е спремна да шурува со луѓе кои биле подготвени да ја загрозат безбедноста на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека „Леонардо“ е сериозна државна компанија од Италија и дека целата процедура била под надзор на ЕБОР – рече Костадинов и додаде дека сите тендерски постапки завршиле во 2016 година, но некој одлучил до 2018 година да не го потпишува договорот и со тоа да ја загрози безбедноста на македонското небо, секако и безбедноста на граѓаните на Македонија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...