Костадинов: Иванов молчи со кои пари син му купил два стана кога е невработен?

366

Според јавно објавените информации, синот на Ѓорге Иванов купил два стана, над 200 метри квадратни, на атрактивна локација на Водно. Типично за сите нечесни политичари, молк по овие објавени информации, рече Костадин Костадинов пртпарол на СДСМ.

– Со кои пари синот на Иванов купил два стана кога не е вработен? Ако становите му ги купиле неговите родители, тогаш зошто не се пријавени во нивните анкетни листови? И уште поважно, со кои пари ги купиле становите, бидејќи во анкетниот лист нема наведено ниту еден подигнат кредит – праша Костадинов.

Тој додаде дека е добро што Државната комисија за спречување корупциија отвори предмет за овој случај и смета дека мора да се расчисти до крај.

– Иванов припаѓа на нечесна политичка структура позната по нечесниот однос кон законите, уставот и граѓаните. На истата структура и припаѓа и Гордана Силјановска. Таа е горд застапник на деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и Христијан Мицкоски. Силјановска и Иванов и двајцата бранат насилсници и криминал, и двајцата работат против интересите на граѓаните и државата.Затоа на претстојните избори, граѓаните ќе изберат чесен и правичен претседател, ќе го изберат Стево Пендаровски – рече Костадинов.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...