Костадинов: Да не се опструира новиот закон за Јавно обвинителство

1267

Oпозициските пратеници да не го опструираат новиот закон за Јавно обвинителство. Граѓаните и сигурната иднина на Северна Македонија не можат и понатаму да бидат заложници на неодговорни политичари на кои личните интереси им се поважни од државните. Реформите кои се во интерес на граѓаните, правдата и државата, продолжуваат, вели Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

– Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со сите сили се труди да наметне перцепција во јавноста дека скандалот „рекет” е сличен со 11 годишниот пустош на режимот на Груевски и Мицкоски. Не е’ и никогаш не може да стане! Ние не сме и никогаш нема да бидеме исти! Сега секој кој се огрешил пред законите одговара и ќе одговара. Никој не бега од правдата! Разликата е огромна! Правосудните органи ја вршат работата во рамки на своите надлежности ослободени од каков било притисок од извршната власт, што не беше случај со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Тешко лицемерие е Милошоски да обвинува кој било друг за криминал кога 11 години беше најблизок соработник на почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и нивен вистински партиски шеф – вели Костадинов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...