Костадинов: Граѓаните избраа иднина, Иванов остана заглавен во минатото (ВИДЕО)

Иванов, според Костадинов, останува изолиран во своето антидржавно однесување, заглавен во минатото на криминал и неизвесност. Иванов останува на темната страна од македонската историја.

275

Додека целиот државен врв одлучно порача да тргнеме кон иднината, само Ѓорге Иванов повика да останеме заглавени во минатото на омраза, поделби, криминал и неказнивост.Додека граѓаните ги славеа заедништвото и сплотеноста, Иванов разгоруваше и поттикнуваше меѓуверска и меѓунационална омраза како што тоа го прави со години, рече на прес-конференција Костадин Костадинов, пратеник од редовите на СДСМ.

Според него вчерашниот ден уште еднаш покажа дека претседателот на државата се води од лични и теснопартиски, а не од интересите на граѓаните и државата.

„Со тоа Иванов ги погази вредностите на илинденското востание и заседанието на АСНОМ. Говорот на Иванов беше срам за илинденците, срам за сите што се жртвувале за идејата за слободна, независна Република Македонија“ – рече Костадинов.

Иванов, додаде тој, останува изолиран во своето антидржавно однесување, заглавен во минатото на криминал и неизвесност. Иванов останува на темната страна од македонската историја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...