Костадинов во „Само вистина“: ВМРО-ДПМНЕ со амандманите го кочи изборот на ДИК

1164

ВМРО-ДПМНЕ со поднесените 400 амандмани го кочи изборот на ДИК, рече пратеникот Костадин Костадинов од СДСМ во дебатата во денешната „Само Вистина“ на Канал 5.

Неговиот соговорник, пратеникот Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, пак, обвини дека власта ги крши процедурите околу Изборниот законик.

Костадинов тврди дека опозицијата се пазари за амнестија за 27 април и затоа ги кочи ДИК и референдумот. На тоа Данев вели дека се работи за манипулација на спин-мајсторите од страна на власта.

– Се рабори за поголем пакет кој беше усогласен во март. Ние се вративме во Собранието, ги изгласавме системските закони со двотретинско мнозинство, но другата страна не го испочитува договореното – рече Данев.

Тие дебатираа за договорот со Грција, за претстојниот референдум и за повеќе други теми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...