Косовскиот премиер Рамуш Харадинај утре во посета на Македонија

Македонскиот премиер Заев на 12 декември престојуваше во Косово, каде домаќинот Харадинај го пречека со највисоки државни почести.

163

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај утре ќе престојува во прва официјална посета на Македонија.

Како што соопштија од кабинетот на Хaрадинај, тој освен средбата со својот домаќин, македонскиот премиер Зоран Заев, ќе биде примен и од други високи македонски личности.

„Премиерите Харадинај и Заев ќе разговараат за пријателските меѓусосeдски односи, а ќе го дефинираат и датумот на одржување на заедничката седница на владите на двете земји“, се наведува во соопштението.

Косовските медиуми наведуваат дека истиот ден во Скопје ќе престојува високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Македонскиот премиер Заев на 12 декември престојуваше во Косово, каде домаќинот Харадинај го пречека со највисоки државни почести.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...