Европската агенција на регулаторни тела (ИБИУ) со мнозинство гласови одби Косово да го прифати како одвоена држава, пренесуваат медиумите.
Со тоа практично е ставена точка на актуелното тежнеење на Косово како „самостојна држава“ да учествува на Евровизија. Состанокот на кој се одлучило за апликацијата на Косово е завршен пред неколку часа.
На состанокот во Осло РТС успеа да се избори Косово да не биде примено во оваа организација како редовен член, па поради тоа Косово и понатака не ќе можат да учествуваат во изборот за песна на Евровизија.
Миливоје Михајловиќ, помошник директорот на РТС изјави дека процесот за прием на Косово траел една година, а бил инициран од јавните сервиси на Македонија, Хрватска, Црна Гора, Унгарија и Словенија.
Главната причина зошто Косово не може да стане држава членка на ЕБУ е фактот дека Косово не е членка на Меѓународната унија за телекомуникации. На генералниот одбор денеска во Осло се одлучувало за менување на Статутот на ЕБУ, кој би овозможил членство на земјите кои не се членки на Меѓународната унија за телекомуникации, но предлогот не поминал.