Косово не можело да го пронајде обвинетиот за масакрот кај Смилковско кој со години се крие таму

244

Министерството за правда на Косово му пишале на македонското министерство дека тамошниот надлежен јавен обвинител во моментов не знае каде наоѓа Африм Исмаиловиќ, осомничен во случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро.

– Министерството за правда на РСМ ќе испрати ургенција и ќе побара од надлежните косовски власти да направат напори за пронаоѓање на лицето и негова екстрадиција со цел да биде изведено пред лицето на правдата – велат од Правда.

Во Косово се крие уште еден обвинет во „Монструм“, Алил Демини.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...