Косово ако се пласира на ЕП нема да биде во група со Србија, Русија или БиХ

283

УЕФА одлучи дека фудбалската репрезентација на Косово доколку се пласира на Европското првенство нема да може да биде во група со Србија, Русија или БиХ.

Косово може да се најде на ЕП ако го освои второто место во својата квалификациска група или преку плејофот во Лига Д од Лигата на нации, каде за ривал ќе ја има и македонската репрезентација. Причините се политички и од безбедносен карактер. И Русите, како и Србите, не ја признаваат независноста на Косово.

Русија веќе е сигурен учесник на ЕП и во првата фаза ќе игра на свој терен во Санкт Петербург. Освен против Косово, Русија и руските клубови веќе пет години не смеат да се паднат ниту со клубови од Украина или репрезентацијата на таа земја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...