Косовец со „Сканиа“ удрил во наплатната кабина во Градско откако платил патарина

890

На 09.07.2019 година во 00.31 часот на наплатната станица „Градско“ влекач „Сканиа“ со косовски регистарски ознаки со приколка, управуван од засега  непознат возач, откако ја платил патарината, тргнал и со десната страна од возилото удрил во наплатната кабина, со што предизвикал штета на наплатната кабина. После тоа, возачот не застанал и продолжил со движење кон Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.  Се работи на расчистување на случајот. 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...