Косовската полиција го уапсила А.Х. од Косово, под обвинение дека во кафез прошверцувал лав во кафез и нему му е одредена мерка притвор во траење од еден месец, јави српски Блиц.
Според приштинска Коха, станува збор за угостител кој имал ресторан во село во Косово и кој уште во ноември го шверцувал животното преку планински патишта.
Лавот четири месеци бил „најатрактивниот гостин“ во неговиот ресторан.