Косовец обвинет за внесување кокаин во Идризово

49

Скопското обвинителство по спроведена истражна постапка поднесе до Основниот Кривичен суд обвинение против косовски државјанин кој во јакна се обидел да внесе кокаин во затворот „Идризово“.

– Обвинетиот, на 31 јануари, во просториите на Казнено-поправната установа „Идризово” во Скопје, при редовна посета на осудено лице, неовластено пуштил во промет наркотична дрога – кокаин со нето маса од 89,96 грама.

При влезот во установата, обвинетиот на затворскиот полициски службеник му предал пакет наменет за осуденото лице, во кој имало и една јакна. По извршениот претрес на пакетот, во внатрешниот џеб од јакната, во најлонско пакување обвиткано со селотејп, била пронајдена наркотичната дрога – кокаин.

Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, со оглед на тоа што и натаму постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото што му се става на товар, соопшти Обвинителството.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...