Државјанин на Косово вчера попладне починал кога изгубил контрола над возилото и удрил во бетонска бандера на булеварот „Никола Карев“ во Скопје.
Полицијата соопшти дека вчера во 17 часот во Скопје на булевар „Никола Карев“ Ш.Х.(48) од Косово, управувајќи автомобил „Мерцедес“ со косовски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во бетонска бандера.
По незгодата лицето во тешка состојба е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде е констатирана смрт.
Извршен е увид на местото на настанот.