Косовец во притвор, шверцувал миграни

27
ФОТО: МИА

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска донесе наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, косовски државјанин.

За лицето постои основано сомнение дека сторило кривично дело Криумчарење мигранти, предвидено и казниво по член 418-б став 4 во врска со став 2 од Кривичниот законик.

Во текот на вчерашниот ден, осомничениот пеш ја поминал македонско – косовската граница и по добиените насоки од непознато лице, го преземал патничкото моторно возило „Форд Транзит” и тргнал по автопатот А1 во правец кон Гевгелија.

„На непознато место пресретнал група мигранти кои претходниот ден илегално влегле во земјава, ги прифатил и тргнал во насока кон Скопје. На знак да застане од страна на полициски мешовит тим, осомничениот продолжил со зголемена брзина и кај клучката кон с.Смоквица го напуштил возилото со мигрантите и побегнал. Полициските службеници во возилото пронашле 58 мигранти од Пакистан и Сирија, меѓу кои имало и седум малолетни лица. Подоцна осомничениот е пронајден во близина на с. Миравци и лишен од слобода“, информира ОЈО.

Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за определување на мерката притвор за осомничениот.

Судијата го прифати предлогот и на осомничениот со решение му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...