Косоварка пријавила дека цариници и одзеле три илјади евра при претрес на скопскиот аеродром

355

Вчера во 12.45 часот на граничниот премин „Меѓународен Аеродром-Скопје“ од Стокхлом-Шведска допатувала A.B.P.E.(47) од Глоговац-Косово, а со место на живеење во Шведска. По извршената пасошка контрола и проверка дозволен и бил влез во Р.Македонија, но во 13.15 часот од страна на вработен во безбедност на ТАВ, било пријавено дека таа сака да пријави настан на полициските службеници. Од страна на A.В.Р.Е. било пријавено дека додека и била вршена контрола врз нејзиниот багаж од двајца царински службеници и биле земени 3.000 евра. Со пријавителката извршиле разговор и лица од Секторот за професионална одговорност на Царинската управа, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...