Корупцијата му се удри од глава на Рахој, Парламентот му изгласа недоверба

Рахој е првиот премиер во модерната историја на Шпанија кој го изгубил премиерското место со гласање на доверба.

547

Шпанскиот премиер Маријано Рахој го напушта премиерското место затоа што во Парламентот му е изгласана недоверба, јавуваат медиумите.

Лидерот на социјалистите Педро Санчез кој го побара гласањето за доверба откако партијата на Рахој беше поврзана со корупциски скандал, ќе биде новиот премиер.

– Ние ќе испишеме нова страница во историјата на демократијата во нашата земја – изјави Санчез пред денешното гласање.

Рахој е првиот премиер во модерната историја на Шпанија кој го изгубил премиерското место со гласање на доверба.

ФОТО: EPA-EFE/JAVIER LIZON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...